Откриј го совршеното кафе

Ground coffeeRight leaf illustrationSecond bean illustrationThird bean illustrationFourth bean illustrationFifth bean illustrationSixth bean illustrationFirst bean illustrationСвежо мелено кафе
Свежо мелено кафе
Ground coffeeRight leaf illustrationSecond bean illustrationThird bean illustrationFourth bean illustrationFifth bean illustrationSixth bean illustrationFirst bean illustrationBlack ’n’ Easy
Black ’n’ Easy
Ground coffeeRight leaf illustrationSecond bean illustrationThird bean illustrationFourth bean illustrationFifth bean illustrationSixth bean illustrationFirst bean illustrationInsta Grand
Insta Grand

#ајденакафе

#забава #рецепт #Квиз #и мирис и вкусПогледни сè
Колку добро нѐ познаваш?
Квиз

Колку добро нѐ познаваш?

Запознај го Кафе Grand

Како да ја зголемиш продуктивноста?

Големиот број на обврски и недостатокот на време бараат совршена организација од нас за да можеме сè да завршиме. На сите ни се случува и по напорниот работен ден да не сме ги завршиле сите обврски, а веќе немаме енергија и се чувствуваме уморни.  Сепак, има помош! Постојат едноставни и лесни начини за зголемување на енергијата и за враќање на продуктивноста. Ние имаме неколку предлози за тебе.

Утринска рутина

За да ги задржиш здравите навики и да останеш продуктивен, најдобро е да воспоставиш утрински рутини. Да, местењето на креветот се подразбира, но малите ритуали како што се туширање, подготвување појадок (уште подобро ако е здрав), јога или медитација од десет минути ќе ти помогнат да се разбудиш и да го започнеш денот правејќи нешто корисно за себе, нешто што ти помага добро да се чувствуваш. Додека се подготвуваме за работниот ден, ја подготвуваме и првата шолја утринско кафе, кое дополнително ни дава енергија и создава чувство на свежина.

Чист и уреден простор

Доколку работиш од дома, важно е добро да се организираш, да го претвориш твојот дневен простор во „канцеларија“ и да ги распоредиш обврските според нивниот приоритет. Работна маса, тивка амбиентална музика и бележник се доволни за да му сигнализираат на мозокот дека работиш, а ако твојата работна површина е секогаш чиста и уредна, ќе имаш повеќе волја за работа.

Направи пауза за кафе

По неколку часа работа, ништо не е подобро од шолја јако, домашно кафе! Самиот мирис на кафе асоцира на пријатност и уживање, а кратката пауза за подготовка и послужување на омилениот пијалок е доволна за да се опуштиме и растеретиме. За да ги почувствуваш неговите благодети, пиј свежо мелено кафе без никакви додатоци. За дополнително задоволство, затвори ги очите на кратко и дозволи му на кафето да ги разбуди сите твои сетила со својот полн вкус!

Пробај ја техниката Помодоро

Развиена од Франческо Сирило кон крајот на 1980-тите, оваа техника помага да се зголеми продуктивноста со делење на работното време на два сегменти од 25 минути и две пократки паузи од 5 минути. Искористи ја паузата од пет минути за да им се јавиш на твоите најблиски, да ги повадиш цвеќињата, да ужинаш. Оваа практика ќе го навикне мозокот на кратки паузи, а за време на работата ќе имаш подобра концентрација.

Доволно спиење

Истражувањата покажуваат дека недостатокот на сон е директно поврзан со намалената продуктивност. За да спиеш минимум седум часа, треба да легнеш во исто време секој ден и да не го одложуваш алармот наутро. На овој начин ќе создадеш рутина, а твоето тело ќе се навикне на правилен циклус на спиење.

Кои се твоите „мали совети“ за продуктивен ден?