Atlantic Grand d.o.o (понатаму: Компанијата или ние) е дел од деловниот систем на Атлантик Група во чии рамки се воспоставуваат и применуваат високи стандарди за бизнис менаџмент и транспарентни деловни практики, а кои подразбираат одговорно, законско и етичко однесување на сите правни субјекти на Атлантик Група, вклучително и почитување на приватноста и заштита на личните податоците.
Согласно наведените стандарди, Компанијата како главен обработувач во рамките на деловниот систем на Атлантик Група, ги собира и обработува личните податоци законито, правично и транспарентно во согласност со важечките прописи и презема соодветни технички и организациски мерки насочени кон заштита на личните податоци од неовластен пристап и злоупотреба.
Компанијата е свесна дека заштитата на личните податоци е важна за нашите корисници и субјекти. Затоа, сакаме да ви покажеме кои лични податоци ги собираме, како управуваме со нив и како се грижиме за нивната заштита.
Цели, обем и правна основа на обработка
Личните податоци се собираат за специфични, експлицитни и законски цели, до степен до кој е потребно и се обработуваат на начин во согласност со тие цели.
Компанијата ќе собира и обработува лични податоци само во случаи кога тоа е дозволено со прописите:
Собирање и користење на лични податоци
Личните податоци се информации што ве идентификуваат директно или индиректно, како што се вашето име, е-адреса, телефонски број, IP адреса или поштенска адреса.
Компанијата не ги собира вашите лични податоци освен ако вие изречно не и ги доставите тие податоци (на пр. со распрашување за одреден производ или услуга, склучување договор или барање одредени активности пред склучување договор, вклучување во програми за лојалност, при пријавување на електронски новости, учество во анкети, натпревари и наградни игри, нарачување примероци или брошури, молба за донации, како и при барање информации, поднесување работна биографија или отворена понуда или аплицирање за слободни работни места, како и вработување во нашата компанија...).
Вашите лични податоци ги собираме, складираме, користиме или пренесуваме до тој степен - во однос на содржина и времетраење - кој е потребен во одреден случај, на пр. со цел да одговориме на вашите барања, да ги исполниме вашите барања, да ве информираме за нашите производи, резултатите од натпревар или наградна игра, да извршиме договорна обврска или неопходни активности пред склучување на договор или да исполниме наши други законски обврски. Поради овие причини, Компанијата понекогаш треба да ги пренесе податоците на други фирми во рамките на Атлантик Група и поврзани компании или на надворешни даватели на услуги за понатамошна обработка. Даватели на услуги или обработувачи на лични податоци можат да бидат ангажирани за различни цели, на пример за нудење услуги на центар за повици, испорака на роба, дистрибуција на рекламен материјал или за организирање и спроведување на наградни игри. Компанијата бара од тие страни да ги прифатат важечките законски прописи, да ги почитуваат нашите упатства и да ги почитуваат нашите внатрешни правила за заштита на личните податоци, како и барањата за примена на соодветни организациски и технички мерки за заштита. Од истите причини, понекогаш вашите лични податоци ќе мора да бидат префрлени во земја на ЕУ или надвор од ЕУ, при што Компанијата гарантира дека овој пренос е во согласност со законот и важечките прописи со примена на сите достапни и соодветни мерки за заштита на личните податоци.
Компанијата гарантира дека нема да ги продава вашите лични податоци на никого и дека нема да ги проследи или позајмува вашите лични податоци на трето лице, освен ако тоа не е неопходно да се исполни конкретната цел за која сте ни ги дале податоците, т.е. Компанијата гарантира дека вашите податоци нема да бидат дадени на неовластен примач.
Во одредени околности, можно е да бидеме приморани да ги доставиме вашите лични податоци на надлежен јавен орган доколку тоа од нас го бара законот или друг обврзувачки пропис.
Собраните податоци ќе се чуваат онолку долго колку што е потребно, со оглед на целта за која се собрани, односно во согласност со важечките прописи.
Користење на лични податоци за рекламни и маркетинг цели
Кога вашите лични податоци се користат за рекламни и маркетинг цели во согласност со важечките законски прописи во областа на заштитата на личните податоци, вашите податоци ќе бидат зачувани и користени за тие цели, на пр. за испраќање новости, примероци од производи, покани за учество на натпревари и наградни игри, преку е-пошта или обична пошта или друг канал за комуникација што сте го прифатиле.
Доколку вашите лични податоци се користат за испраќање индивидуални (за вас) приспособени реклами и промоции со помош на креирање и одржување на кориснички профил, ќе бидете за тоа претходно известени, т.е. пред да ви испратиме такви реклами и промоции, и пред обработка на податоците во оваа цел сигурно ќе побараме ваша посебна, експлицитна и информирана согласност.
По потреба вашите податоци можеме да ги користиме за да ја анализираме и подобриме ефективноста на нашите онлајн услуги, рекламирањето, маркетингот, за истражување на пазарот и напори за продажба, што може да вклучи спроведување анкети или други прашалници, или на друг начин што гарантира дека вашите лични податоци ќе бидат анонимизирани, што значи дека не може директно да се поврзат со вас како поединец.
Остварување на правата на субјектот
Во секое време, можете да побарате од нас информации за вашите лични податоци што ги обработуваме или да побарате нивно исправување, можете да побарате прекин на употребата или бришење на вашите лични податоци или да повлечете согласност за сите или само одредени цели (освен кога тоа не е можно, на пример, кога личните податоци се обработуваат за статистички цели и повеќе не дозволуваат идентификација). Исто така, имате право да побарате вашите податоци да се пренесат на друг обработувач под законски услови или да се откажете од примање на нашите информативни и промотивни материјали.
Исто така, имате право да се спротивставите на употребата на вашите лични податоци во ситуации кога основа за обработка е нашиот легитимен интерес, вклучително и кога вашите податоци се користат за цели на директен маркетинг.
Ние максимално и во разумна мера ќе се погрижиме вашите лични податоци со кои располагаме да бидат правилно евидентирани, но одговорноста за точноста на истите паѓа на вас и ве молиме да ги ажурирате редовно и навремено, односно да ни испратите барање за нивна промена или исправка.
За да ги остварите сите ваши права и обврски во врска со користењето на личните податоци, можете да се обратите на е-адресата или физичката адреса на седиштето на Компанијата, кои се наведени на веб-страницата, или на е-адресата: [email protected] или следете ги упатствата на добиените промотивни материјали.
Кога ќе не контактирате и ќе поднесете барања во врска со вашите лични податоци, ние ќе направиме разумни напори да го потврдиме вашиот идентитет и да спречиме неовластена обработка на вашите лични податоци.
По приемот на вашето барање, бараната активност ќе ја извршиме во одреден рок, а најдоцна во рок од 30 дена од приемот на барањето и за тоа ќе ве информираме по потреба, се во согласност со закон.
Малолетни лица
Ние не собираме лични податоци на малолетни лица. Доколку добиеме лични податоци од малолетни лица без согласност на нивните родители или законски старатели, податоците ќе ги избришеме што е можно поскоро. Притоа, ќе се водиме според упатствата што ги добивме од вас како родител или законски старател.
Доколку, поради некоја цел, сепак собираме лични податоци на малолетни лица на кои, според важечките закони, им е потребна согласност од родител за обработка на нивните лични податоци, за тоа соодветно ќе ве известиме и ќе примениме разумни мерки за да утврдиме дека малолетните лица имаат согласност од родител или законски старател.
Безбедност на податоците
Спроведуваме технички и организациски мерки за да спречиме губење на вашите податоци, промена, кражба или пристап од неовластено трето лице или каква било неовластена обработка. До вашите лични податоци можат да пристапат само тие вработени на кои им се потребни овие информации за да ви ги пружат нашите услуги, односно да го решат вашето прашање. Постојано ги едуцираме нашите вработени за важноста на доверливоста на податоците и одржувањето на приватноста и заштитата на вашите податоци. Ги собираме само оние податоци кои се неопходни за одредена цел на обработка и не ги чуваме подолго отколку што е потребно, односно определено со законски прописи.
На нашата веб-страница, можете да најдете линкови до други веб-локации или портали, а исто така можеме да ви понудиме функции за социјалнo вмрежување што овозможуваат споделување на лични податоци на социјалните мрежи. Ви препорачуваме да се запознаете со политиките за заштита на личните податоци на тие портали или социјални мрежи или трети лица, како и со мерките за безбедност кои ги превземаат, бидејќи тие може да се разликуваат од нашите правила и мерки, за што ние не одговараме.
Ограничување на одговорноста
Иако спроведуваме различни технички, организациски и кадровски мерки за заштита на личните податоци од случајна или намерна злоупотреба, уништување, губење, неовластена промена или пристап, не можеме да гарантираме дека некои од податоците што ги собираме никогаш нема да бидат случајно откриени на начин што не е во согласност со оваа Политика за приватност.
Доколку е дозволено со закон, ние не превземаме одговорност за штетата предизвикана на корисниците или трети лица со случајно откривање на лични податоци.
Бидејќи немаме контрола врз личните податоци што ги давате кога пристапувате или користите други портали, односно што ги давате директно на трети страни (на пр. кога учествувате во спонзорирани активности), во најголема мерка дозволена со закон, ја исклучуваме одговорноста за било каква штета што може да настане кај вас или кај трети лица поради тоа.
Ажурирања и промени
Го задржуваме правото да смениме или ажурираме делови од оваа политика во секое време и без претходно известување. Од време на време посетете ја нашата веб-страница за да бидете во тек со промените или ажурирањата на Политиката. Ќе биде наведен датумот на кој тековната верзија на Политиката започнала да важи.
Овие правила последен пат беа изменети на 04.03.2022 година.