Позитивниот став е како совршено кафе - не го започнувај денот без него!
Сигурни сме дека на секој од вас му е познато чувството кога се будиш, а би сакал да отспиеш уште малку, барем 5 минути подолго. Сепак, те очекува нов ден, полн со различни предизвици, па затоа стави насмевка на твоето лице и започни го со ентузијазам! Затвори ги малку очите, вдиши длабоко и помисли на омиленото кафе, на таа неодолива арома и полн вкус што ги чувствуваш во секоја голтка. Токму таа утринска шолја со твојот незаменлив пијалак ти ја дава потребната доза на енергија и мотивација секое утро. Така ќе сфатиш зошто треба да го започнеш твојот ден со неа.
Дали знаеш дека тие први утрински минути се непроценливи за остатокот од денот да биде добар? Колку пати си слушнал некој да каже, или колку пати тебе ти паднало на ум дека денот не ти е добар затоа што си станал „на лева нога“? Ниту една облека не е доволно добра, си заглавил во сообраќаен метеж, се нервираш затоа што доцниш - има многу работи на кои би можел да се жалиш. Сепак, често работите не се толку лоши како што понекогаш изгледаат. Опушти се и наоружај се со позитивна енергија и верувај дека твојата перспектива за сите предизвици целосно ќе се промени.
Ако си во гужва, застани за момент и јави се на некоја сакана личност, која твојот повик ќе ја развесели. Кажи им на пријателите дека ги чекаш на вашето заедничко место после работа. Најди време за она што е навистина важно во секој ден - исто како што секогаш одвојуваш време за утринската шолја свежо мелено кафе Grand, кафе што го пиеш во мир, онака како ти најмногу го сакаш и на начин кој те релаксира. Кога го вариш и целиот дом ти мириса на кафе, за момент се чини дека сè магично застанало, нели? Веќе со првата голтка ќе почувствуваш благодарност за тие моменти на уживање во совршената хармонија на заводливата арома и вкус, кои ги обземаат сите твои сетила.
Откако кафето ќе те разбуди и ќе те исполни со позитивна енергија, ќе ти ги исчисти и организира мислите, ќе ти биде многу полесно да зачекориш во денот.
Со таков став не се сомневаме дека ќе бидеш победник и ќе го извлечеш најдоброто од секој ден. Континуитетот е многу важен, затоа внимателно избирај ги твоите ритуали за добро да го започнеш секое утро. Будење, ѓезвето на шпорет, насмевка на лицето и секој ден сигурно ќе ти биде добар!