Откриј го совршеното кафе

Ground coffeeRight leaf illustrationSecond bean illustrationThird bean illustrationFourth bean illustrationFifth bean illustrationSixth bean illustrationFirst bean illustrationСвежо мелено кафе
Свежо мелено кафе
Ground coffeeRight leaf illustrationSecond bean illustrationThird bean illustrationFourth bean illustrationFifth bean illustrationSixth bean illustrationFirst bean illustrationBlack ’n’ Easy
Black ’n’ Easy
Ground coffeeRight leaf illustrationSecond bean illustrationThird bean illustrationFourth bean illustrationFifth bean illustrationSixth bean illustrationFirst bean illustrationInsta Grand
Insta Grand

#ајденакафе

#забава #рецепт #Квиз #и мирис и вкусПогледни сè
Колку добро нѐ познаваш?
Квиз

Колку добро нѐ познаваш?

Запознај го Кафе Grand

Здрави оброци со кафе

Веруваме дека не можеш да си ги замислиш деновите без твоето омилено кафе, без неговата единствена арома, полн вкус и прекрасен мирис. Покрај тоа, постојат многу рецепти чиј составен дел е домашното кафе, кое поради својата карактеристична арома одлично го дополнува вкусот на различни јадења. Затоа, не заборавај да одвоиш време за себе и твоите најблиски, препушти се на магијата на твојот омилен пијалак и пробај некои од рецептите што ги подготвивме за тебе.

Овесна каша со кофеин

Овесна каша со кофеин

Состојки:

  • Овесни снегулки - 4 лажици
  • Чиа семе - 2 лажици
  • Протеин од кокос - 1 чајна лажичка
  • Сварено домашно кафе - 3 лажици
  • Мед - 1 чајна лажичка
  • Шумско овошје - 40 гр

Во тенџерче загреј 300 мл вода. Додади ги снегулките, протеините и чиа семето и вари на тивок оган додека смесата не се згусне. Тргни го тенџерчето од оган и додади го кафето, медот и свежото овошје. Нежно промешај.

Кашата е одличен избор ако сакаш здрав и нутритивно избалансиран појадок. Заедно со шолја топло кафе започни го денот со идеална комбинација од твоите омилени вкусови.

Смути со кафе и банана

смути

Свари го кафето, остави малку да се олади, исцеди го и тури го во калап за мраз. Стави во замрзнувач за околу 2 часа.

Во блендер стави 4 коцки замрзнато кафе со останатите состојки:

  • 1 банана
  • 1 чајна лажичка сурово какао
  • 1 чајна лажичка путер од бадеми
  • 150 мл млеко од бадеми

Смутито е одличен избор ако сакаш здрава ужина или брз појадок. Покрај тоа што е брзо и едноставно подготвен, здравата комбинација на состојки ќе ти даде доволно енергија и концентрација за остатокот од денот. Доколку си љубител на слатки, ова смути е идеален избор за здраво слатко со арома на твојот омилен пијалaк.

Послужи го во омилената шолја со ситно сечкана банана и прстофат цимет.

Мафини со кафе и есенцијално масло

мафини

Мафините никого не оставаат рамнодушен, можеш да ги јадеш за појадок или слатка попладневна ужина. Подготовката е едноставна, најтешкиот дел е кога чекаш да се оладат за да можеш да уживаш во нивниот вкус!

Состојки:

  • 2 зрели банани
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици шеќер од кокос
  • 2 лажици кокосово масло
  • 250 мл млеко од бадеми
  • 1 чаша брашно од спелта
  • 2 лажици мелени лешници
  • 1 кесичка прашок за пециво
  • ½ чајна лажичка сода бикарбона
  • 1 лажица домашно кафе Grand Gold
  • 1 лажица цимет
  • прстофат хималајска сол
  • 10 капки есенцијално масло од мандарина

Подготовка: Изгмечи ги бананите и додади ги сите мокри состојки. Во друг сад измешај ги сувите состојки. Постепено додавај ги сувите состојки во смесата од мокрите состојки, мешајќи полека со шпатула (не користи миксер поради нежната текстура на смесата). Калапите за мафини премачкај ги со кокосово масло и наполни ги со добиената смеса.

Печи 25 минути на 180 степени. Кога ќе се испечат мафините остави ги да се оладат и декорирај по желба.

За декорација на мафините можеш да искористиш јаткасти плодови, свежо или кандирано овошје. Овие сочни мафини послужи ги со шолја топло домашно кафе и уживај во вкусовите што ќе го воодушеват твоето непце.

Леб без глутен

без глутен

Доколку не си љубител на слатки појадоци, направи здрав леб! Лебот збогати го со кафе, семки и јаткасти плодови, кои ќе ти обезбедат доволно здрави масти и ќе те разбудат за да го започнеш денот. Семињата како што се суровите семки од тиква, сончогледот и сусамот се богати со здрави протеини, масти, влакна и витамини.

За да го направиш овој леб потребен ти е само блендер.

Состојки:

  • 90 гр ореви
  • 90 гр сурови семки од сончоглед
  • 90 гр ленено семе
  • 50 гр семе од сусам
  • 50 гр сурово семе од тиква
  • 1 чајна лажичка кафе
  • 4 јајца
  • 100 мл топла вода
  • ½ чајна лажичка сода бикарбона
  • ½ чајна лажичка хималајска сол

Сите семки и оревите сомели ги во блендер (блендај ги состојките додека не добиеш брашно). Во поголем сад прво измешај ги мокрите состојки, па постепено додавај ги сувите состојки од блендерот. Мешај полека со шпатула додека не се добие еднолична смеса. Калапот за леб премачкај го со путер и тури ја смесата. Со лажица рамномерно распореди ја смесата и печи го лебот на 180 степени околу 40 минути. Мирисот на лебот ќе ти го отвори апетитот уште додека се пече!

Кафето е многу повеќе од магичен пијалак, тоа e исто така и сојузник на вкусните оброци со голем број на користи!