Откриј го совршеното кафе

Ground coffeeRight leaf illustrationSecond bean illustrationThird bean illustrationFourth bean illustrationFifth bean illustrationSixth bean illustrationFirst bean illustrationСвежо мелено кафе
Свежо мелено кафе
Ground coffeeRight leaf illustrationSecond bean illustrationThird bean illustrationFourth bean illustrationFifth bean illustrationSixth bean illustrationFirst bean illustrationBlack ’n’ Easy
Black ’n’ Easy
Ground coffeeRight leaf illustrationSecond bean illustrationThird bean illustrationFourth bean illustrationFifth bean illustrationSixth bean illustrationFirst bean illustrationInsta Grand
Insta Grand

#ајденакафе

#забава #рецепт #Квиз #и мирис и вкусПогледни сè
Колку добро нѐ познаваш?
Квиз

Колку добро нѐ познаваш?

Запознај го Кафе Grand

Ајде да имаме време и за себе

Гледај го видеото

Слушај се себеси за да не зовриеш

Пливаме во море од обврски, и работни, и лични, па и во тоа што постојано се грижиме за други. А, некаде под површината се кријат нашите потреби и грижата за себе. Премногу често се запоставуваме себеси, ги потиснуваме и игнорираме нашите потреби. Трчаме на сите страни, секогаш некаде брзаме, молчиме, а во себе вриеме, сè додека еден ден конечно не ни зоврие.

Зошто е важно да се посветиш себеси?

Времето посветено на себе, па макар и да се само 5 минути на ден, ни дава можност за момент да застанеме, да се слушнеме себеси, подобро да ги разбереме нашите потреби и да направиме нешто за нас. Овие моменти на уживање ни даваат сила, нè орасположуваат и нè прават среќни. Тоа е исклучително важно, бидејќи само ако ние самите се чувствуваме добро, можеме да бидеме од корист и за луѓето околу нас.

Како да најдеш време, за да се погрижиш за себе?

За одличен почеток: постави си приоритети. За подобро да си го организираме денот и да можеме однапред да испланираме време за нашите потреби, потребно е да ги одвоиме важните работи од тие кои не се толку важни. Делегирањето и споделувањето на обврски е исто така важна вештина која ни помага да најдеме време за себе. Не мораме да правиме сè сами, а, покрај тоа, ако обврските ги споделиме со некого, сме креирале добра прилика да испиеме кафе со луѓето кои ни се блиски.

Препушти се на она во што уживаш

Често не сме свесни што нè опушта и во што уживаме, но важно е да се прашаме себеси... што е тоа? А, има ли подобар сојузник од шолја топло кафе која повеќе од што било друго ни помага да направиме пауза, да се прашаме и погледнеме длабоко во себе.

Ајде да имаме време и за себе

Само ако ние самите се чувствуваме добро, можеме да бидеме од корист и за луѓето околу нас. Затоа, не запоставувај ги своите потреби. Не преземај на себе премногу обврски и одвоj време секој ден, за да најдеш време за нешто во што ТИ уживаш. И секако, не заборавај го кафето кое ти пружа моменти за уживање, а ти дава и можност за подобро да се запознаеш себеси.

Следете не на Инстаграм

Бидете дел од кампањата „Да имаме време и за себе“ и споделете ги вашите моменти со нас. Означете ја објавата со хаштагот #hajdedaimamovremena.